еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата најави помош и за Сирија, се утврдува што е потребно

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека државава ќе испрати помош и за Сирија по разорниот земјотрес со којшто беа зафатени со Турција, а за која Владата вчера на итна седница веќе донесена одлука да испрати помош.

-Нашето Министерство за надворешни работи веќе комуницира и со колегите од Сирија за да видиме што можеме и таму да испратиме како помош, кои се нивните потреби.

Штом ќе можеме да идентификуваме кои би биле потребите, согласно нашите можности, тогаш се разбира дека и Сирија е држава која ќе биде помогната од наша страна, рече Ковачевски, на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вознемирувачки снимки од дрон од ужасот на земјотресот во Турција и Сирија

Македонија на Турција ќе ѝ помогне со 6 милиони денари, спасувачки тимови, медицинска и хуманитарна помош и механизација

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемување за 1,6 пати: За една недела 6.768 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Бројката на загинати рудари во Турција се зголеми на 41, спасувачката акција заврши

Редакција

Инспиративна приказна: Соња и Владимир од град се преселија на планина, работат таму и сами го градат нивниот дом Царевец

Силвана Жежова