Српската Влада донела едногласна одлука да испрати барање до КФОР за враќање на српската војска и полиција на Косово од неколку стотици до 1.000 членови, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, пренесуваат српските медиуми.
Одлуката беше донесена синоќа на владина седница, а денеска на административниот премин началникот на Генералштабот на командантот на КФОР ќе му го предаде барањето, најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Вучиќ не смета дека постои можност КФОР да го прифати барањето на Србија.
„Да мислеа подобро – ќе придонесе за мир, намалување на тензиите, сосема поинаков поглед на иднината и можност за некакви компромисни решенија, но не сакаа ни да слушнат, бидејќи тоа е прст во око на оние кои би одлучувале за нас без нас и дека имаат право да одлучуваат без права, а да не зборувам за правда.
Кога ги замолив претставниците на меѓународната заедница да кажат еден од договорите што ги почитуваат, добив конкретен одговор – ниту еден, не кријат“, изјави Вучиќ.
Тој посочи дека во еден од членовите на француско-германскиот предлог стои дека Србија нема да се противи на членството на Косово во ниту една меѓународна организација.
„Не можеме да сметаме на фер третман, денеска ја добија кандидатурата на таканареченото Косово за членство во ЕУ, дел од нашите пријатели реагираа праведно, сакам да им се заблагодарам на претседателот на Кипар, Шпанија и Унгарија и на сите што ни помогнаа,“ изјави Вучиќ и додаде дека за него било „надреално да се види како албанскиот контингент на КФОР учествува во малтретирањето на српското семејство во Велика Хоча.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово поднесе апликација за членство во ЕУ
Фото: Твитер/ЕУЛЕКС Косово