еМагазин
Image default
Македонија

Владата преку кампањи ќе ги едуцира граѓаните за вакцините против Ковид-19 и за корупција

Владата денеска донесе одлука да се спроведе едукативна и информативна кампања од исклучителен јавен интерес за заштита и за имунизација на населението од Ковид-19 и го задолжи Генералниот секретаријат во рок од 15 дена во координација со Министерството за здравство и со Секторот за односи со јавност на Владата да спроведе јавна набавка за избор на идејно и креативно решение и за реализација на кампањата.

Во планирањето и спроведувањето на информативната кампања, како што соопшти владината прес-служба, Владата ќе работи транспарентно и отчетно за да се обезбеди високо ниво на информираност, сензибилизираност, мотивираност и учество на граѓаните во справувањето со Ковид-19 и за прифаќање на процесот на имунизација.

Владата ќе спроведе и едукативна и информативна кампања од исклучителен јавен интерес за справување со корупцијата тргнувајќи од оценката дека од особена важност е и граѓаните и државната администрација да се мобилизираат во обезбедувањето заштитни механизми и отпор кон корупцијата која го разорува општеството по сите основи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По Османи и Пендаровски, Фон дер Лајен се сретна и со Ковачевски

Редакција

Аеродром „ита“ накај 800 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Редакција

Од Ковид-19 починаа 37 лица, најмладите на 22 и 35-годишна возраст

Редакција