еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата воведува данок на штедење во износ од 15 отсто

Оданочување на капиталните добивки од хартии од вредност и на каматите од орочени депозити (штедни влогови) со стапка од 15%, со одложена примена од 1 јануари 2020 година, предвидува предлог-законот за данок на личен доход кој го презентира министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Според најавите, на доход од камати до 250 евра годишно, нема да се плаќа данок.

Ви го пренесуваме овој дел од предлог-законот:

Доход од капитал

Член 56

Под доход од капитал се подразбираат:

1) дивиденди и друг доход остварен со учество во добивката кај правните лица

2) камати од заеми  дадени на физички и правни лица

3) камати од депозити

4) камати од хартии од вредност и

5) друг доход од хартии од вредност или финансиски инструменти.

Член 57

Обврзник на данокот на доход од капитал е физичко лице кое остварува доход од член 56 на овој закон.

Член 58

(1) Основа на данокот на доход од член 56 точка 1) на овој закон претставува бруто дивидендите, односно доход од учество во добивката распределени на обврзникот.

(2) Основа на данокот на доход од член 56 точки 2) и 3) на овој закон, претставува износот на пресметаната камата.

(3) Основа на данокот на доход од член 56 точка 4) на овој закон, претставува износот на пресметаната камата кој надминува 15.000 денари на годишно ниво во противвредност на валутата на депозитот.

(4) Основа на данокот на доход од член 56 точка 5) на овој закон, претставува износот на бруто доходот.

Одредбите на Законот за данокот на личен доход кои се однесуваат на оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и оданочувањето на каматите на орочени штедни депозити, ќе се применуваат од 1 јануари 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер реакции за прогресивното оданочување: „Ако Ви дојде до 25 милиони евра, што не заплените некој имот на Мијалков?„

Даночниот експерт Павле Гацов: Од прогресивниот данок најголема добивка ќе има државата

Се воведува прогресивен данок: Прагот на одданочување приход од 90 илјади денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ако е работено сѐ по закон, тогаш не ја разбирам паниката и притисокот што се прави“, вели Русковска за претставката на Муареми

Редакција

„Дрисла“ го доби тендерот за собирање 266.000 килограми медицински отпад од Клинички центар вреден 254.000 евра

Редакција

Македонија2025 ја престави фондацијата „Центар за дигитална трансформација ГоДитигал Скопје“

Редакција