Кацарска судството не успеa да се издигне над политиката и со отфрлањето на издржаните и аргументирани жалби на Јанакиески и Божиновски донесе политичка, а не правна одлука, реагираат од ВМРО ДПМНЕ на одлуката на Апелациониот суд, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот секретар на Владата, Кирил Божиновски да останат во притвор.
“Црната власт носи црнило во секоја сегмент на општеството, правосудните органи се егзекутори на политичкиот прогон на Зоран Заев.
Апелацискиот суд се покажа како уште една алатка во рацете на власта за спроведување на политички прогон.
Република Македонија поради контролата на власта над судството е црн пример за владеењето на правото во Европа.
Судот донесе одлука врз основа на фингирана службена белешка, чија содржина беше демантирани дури и од претседателот на државата.
Јанакиески и Божиновски се жртви на политички прогон од институциите на системот кои служат како инквизиторни органи против екој неистомисленик на Зоран Заев, не го применуваат законот, туку слушаат нарачки.
За ваквите конструкции и законски прекршување одгворност ќе има. Секој кој ја злоупотребил функцијата или го прекршил законот преку позицијата на моќ која моментално ја има, ќе одговара кога ќе се врати демократијата и правната држава во Република Македонија“, велат од ВМРО ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апелација одлучи: Јанакиески и Божиновски остануваат во притвор