еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ останува во македонското Собрание

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува во македонското Собрание до неговото распуштање.

Вчера лидерот на партијата, Христијан Мицкоски најави дека на седница на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ ќе се разгледува прашањето дали опозициските пратеници ќе го напуштат Собранието, бидејќи тоа не се распушти како што беше договорено на лидерската средба на 12 февруари.

Доплнително работите се вжештија откако вчера техничкиот премиер Оливер Спасовски побара од Собранието да биде разрешена министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Не гледам причина за натамошно учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

Мицкоски по најавата за разрешување на министерката Мизрахи повикува на разум и достоинство

Како што информираат од партијата, на синоќешната седница на ИК била разгледана актуелната општествено политичка состојба во Македонија и подготовката на партијата околу предвремените парламентарни избори

“Власта, државата со последните скандали ја втурнува државата во уште поголема криза и ја оддалечува од европската иднина. Избори на 12 април, а потоа одговорност за криминалот, корупцијата, срамот и понижувањата. ВМРО-ДПМНЕ ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе реагира во одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата“, е заклучокот од синоќешната седница на ИК.

Во денешното соопштение на партијата наведуваат дека интерес на граѓаните е правна држава, почитување на законите, Уставот и спречување на политичката агресија на власта, преку носење закони како тој за марихуана кои имаат единствена цел, богатење на семејството Заеви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предизборна „бомба“ на Милошоски: Ќе има ли нови?

(Видео) Милошоски пушти аудио-снимка во Собранието: З.З знаел чии биле парите, за Боки 13 да ја финансира телевизија

ИК на ВМРО ДПМНЕ смета дека со вчерашните настани во Собранието и материјалот доставен од свиркач практично се докажува дека мозокот на операцијата “Рекет“ е лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Јасно е, наведуваат, дека Заев бил финансиер на телевизијата на првообвинетиот за “Рекет“, Бојан Јовановски и дека Заев точно знаел и бил упатен и за најситните детали од рекетот.

“Вистинскиот мотив е стравот на Зоран Заев од одговорност после поразот на 12 април и затоа на сила турка противуставен Закон за јавно обвинителство со кој се овозможува амнестија на криминалите.

ИК на ВМРО ДПМНЕ смета дека државата не смее да биде заложник на личните интереси на поединци на Власта како и стравот од одговорност на оние кои се огрешиле пред законот. 12 април е денот кога мора да се одржат предвремените парламентарни избори за крај на кризата и за крај на политичката кариера на Заев, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК прави измена на роковникот за ценовниците за медиумско претставување

Редакција

(Фото) Заев и Ципрас на ручек во познат скопски ресторан, подоцна дојдоа Заева и Базиана

Редакција

Бугарскиот европратеник Ковачев: Григор Прличев е Бугарин, нема простор за компромис

Редакција