Зоран Заев назначува за шеф на преговарачкиот тим за преговори со ЕУ, човек кој пред три години го обвинуваше за криминал и му поднесуваше кривични пријави, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека „според стандардите на Заев, Бујар Османи кој до пред извесно време беше криминоген сега ќе треба да ја европеизира Македонија.“
„Зоран Заев е човек кој денес едно зборува, а утре друго. Република Македонија е жртва на неговата политика базирана на лаги, манипулации и тргување со националните интереси. Власта не води грижа ниту за државата, ниту за граѓаните. Зоран Заев и СДСМ ги кршат Уставот, законите и процедурите, за по секоја цена да го спроведат капитулантскиот договор.
Менувањето на Изборниот законик со цел да се изигра и заобиколи законската обврска и зададената практика за гласање на ДИК со 2/3 мнозинство и со консултација на опозицијата е гушење на демократијата и претставува удар врз досега воспоставената пракса која гарантира изразување на волјата на граѓаните“, се вели до соопштението.
Фото: Билд