еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Внук се сомничи дека ја убил својата баба во нејзиниот стан во Скопје

Полицијата поднесе кривична пријава против дваесет и осумгодишен маж поради сомнение дека ја убил неговата баба во нејзиниот стан.

Од МВР соопштија дека Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

– Тој се сомничи дека во периодот од 5 до 11 ноември 2021 извршил кривично дело убиство на неговата баба В.Б. (75) во нејзиниот стан на улица „Никола Малешевски“.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор, појаснуваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Се јави Реџепи од Беса: Добро сум, се ќе раскажам кога ќе поминат заканите

Редакција

Почна пријавувањето за зелена карта за САД за 2026

Редакција

Проф.Трајковски со лично искуство: Kако една доза од вакцината на „АстраЗенека“ ме заштити од тешка форма на Ковид-19

Редакција