еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во август 8 случаи на ХИВ/СИДА во Македонија, три лица се странски државјани со привремен престој во земјава

Во текот на месец август, пријавени се осум случаи на ХИВ/СИДА, од кои три лица се странски државјани со привремен престој во Македонија, стои во месечниот билтен за движење на акутните заразни заболувања на Институтот за јавно здравје.

-Од пријавените лица, шест се од машки, а две од женски пол.

Четири лица се од Скопје (вклучително и странските државјани), две лица од Охрид и по едно лице од Гостивар и Струга.

Лицата се на возраст од 21-55 години.

Шест од регистрираните лица се хетеросексуалци, додека две заболени лица се припадници на МСМ популацијата.

Во текот на месец август не се регистрирани смртни случаи од ХИВ/СИДА.

Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.08.2023), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2023 година, изнесува 620, и тоа: 123 лица починале, 497 лица живеат со ХИВ/СИДА.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголемата продавница на Зара во регионов ќе биде во East Gate Mall во Скопје

Редакција

Русија демантира дека извршила напад на железничката станица во Краматорск

Редакција

Пендиков аплицирал за бугарски пасош на крајот на декември, откри бугарскиот амбасадор Ангелов

Редакција