Грчката влада објави постепено олеснување на рестриктивните мерки доколку нема зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Ублажувањето ќе се одвива во фази од 10 мај и ќе трае до јули, кога се очекува нормализација на земјата.
Постојните ограничувања нема да бидат укинати сите во исто време, а нормализацијата на состојбата во земјата ќе се одвива постепено, пишува весникот.
Па, намалувањето на забраната за движење нема да се однесува за сите граѓани на почетокот, ќе бидат изземени ранливите групи како што се старите лица.
Во првата фаза, напуштањето на забраната за движење ќе се однесува само во урбаните области.
Забраната за собирање на повеќе луѓе во угостителските објекти ќе остане во сила во текот на првата фаза на ублажување на мерките.
Рестораните, баровите, кафулињата и ноќните клубови нема да бидат отворени во текот на оваа фаза. Продавниците ќе работат, но максималниот број на клиенти во нив ќе биде ограничен во зависност од големината на објектот.
Забраната за патување ќе се олесни во втората половина на јуни или почетокот на јули, така што нормализацијата на туризмот постепено ќе заврши, пишува весникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе ја „оплескаме“ ли со коронавирусот за Велигден?
Кои земји имаат најригорозни мерки, а кои најлабави, во борбата со коронавирусот
Мијте ја косата по излегување надвор, коронавирусот се пренесува и преку неа