еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во последните три дена, нови 80 случаи на Ковид-19, оздравени 118, двајца починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена од 14 до 16. октомври направени се 953 теста, а регистрирани се 80 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 60, Прилеп – 8, Куманово – 5, Битола, Тетово и Охрид – по 2, Македонски Брод – 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 18 реинфекции.

Регистриран e 118 оздравен пациент од: Скопје – 87, Битола – 5, Куманово, Велес и Охрид – по 4, Прилеп – 3, Тетово и Кавадарци – по 2, Штип, Гевгелија, Неготино, Ресен, Берово, Кратово и Крушево – по 1, информираат од Министерството за здравство.

Во текот на изминатите три дена пријавени се две починати лица од Скопје (80г) и Гостивар (70г). Двете лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 343.665, бројот на оздравени пациенти е 333.824, на починати е 9.553, а бројот на активни случаи изнесува 288.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дваесет и деветте земји членки денеска ќе го потпишат протоколот за членството на Македонија во НАТО

Редакција

Нови 305 случаи на Ковид-19 од 2.533 тестирања

Редакција

(ВИДЕО) Обвинетиот пратеник Љубен Арнаудов бара 50 евра за изјава

Редакција