еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Во СЈО фали уште да се „испотепаат“

Во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кое некогаш уживаше најголема доверба кај граѓаните, работите од ден на ден стануваат подраматични.

Прво шефицата Катица Јанева, на изненадување на јавноста сама си даде отказ, а истиот ден Јавното обвинителство го отвори случајот „Рекет“, со кој уште од тогаш се поврзува Јанева.

Таа остана без два мобилни телефони, кои и ги одзеде Обвинителството, а медиумите објавија и дека нешто се „брише„ во СЈО.

Во тој период Катица прво отиде на боледување, па на одмор, а сега е на работа.

Додека ја немаше нејзиниот глас го слушавме во „бомбите“ за „Рекет“ на италијанскиот весник „Ла Верита“.

Вчера пак Јанева дала наредба да се претресува секој вработен во СЈО и на излез и на влез во зградата.

Нејзината колешка, обвинителката Фатиме Фетаи се налутила за таа одлука и како што сама изјави за медиумите дури ја опцула и плукнала во безбедносната камера, ама не ја нашла во нејзината канцеларија за да лично ја праша за одлуката.

Медиумите пренесоа и дека Јанева пред неколку дена им се заканила на обвинителите дека ако таа пропаднала, ќе ги повлекла со себе.

Случајот „Рекет“ секојдневно дополнително ги вжештува работите и се заканува да ја „урне“ оваа институција сосе нејзините предмети.

Не само Јанева, која допрва треба да дава исказ за “Рекет“, до сега уште две обвинителки од СЈО, Лиле Стефанова и Елизабета Јосифоска сведочеа за случајот во Обвинителството, вчера сведочеше и шефицата на Кабинетот на Јанева, а денеска исказ треба да даде и обвинителот Бурим Ристеми.

Работите допрва ќе се комплицираат, бидејќи власта и опозицијата се далеку од решение за иднината на СЈО, а во меѓувреме веќе се бара изземање на Јанева од случаи на СЈО за кои се во тек судски спорови.

А таа, барем како што најави кога ја поднесе оставката, ќе треба да го води СЈО, додека не се избере нов шеф или шефица.

Колку овие случувања во СЈО ќе се одрзат на неговата работа, останува да видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Се извинувам обвинителке Фетаи, ќе морам уште еднаш да ве претресам“: Твитер „врие“ од шеги за Фатиме и Јанева

Има само Мерцедес: Каков имот пријавил обвинителот од СЈО, Бурим Рустем, кој треба да сведочи за „Рекет“

Фатиме Фетаи: „Сочно ја опцув Јанева поради нејзината наредба да не претресуваат полицајци на влез во СЈО“

Jанева им се заканила на обвинителите: Ако пропаднам ќе ве повлечам со мене!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајдена дрога во угостителски објекти во Скопје, приведени девет лица

Редакција

Бугарскиот европратеник Ковачев: Григор Прличев е Бугарин, нема простор за компромис

Редакција

Не ни требаат нови „бомби“, одамна знаеме кој е кој во македонската политика

Редакција