еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во САД одобрена трета доза вакцина за лицата со послаб имунолошки систем

Во САД е одобрена трета доза од вакцината против Ковид-19 за лицата со послаб имунолошки систем.

Американската управа за храна и лекови (ФДА) соопшти дека одлуката се однесува на вакцинираните лица со ослабен имунолошки систем по трансплантација на органи.

– САД влегоа во нов бран на пандемии, а ФДА е целосно свесна дека луѓето со ослабен имунитет се особено изложени на ризик да добијат сериозна болест, изјави вршителката на должноста шефица на ФДА, Џенет Вудкок.

Таа додаде дека за останатите вакцинирани не е потребна трета доза и дека се соодветно заштитени.

Во САД регистрирани се над 619.000 смртни случаи, а бројот на новозаболени драстично е зголемен поради ширењето на делта сојот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истражување во Израел: Третата доза на вакцината „Фајзер“ со слични или помали нуспојави како по втората

Третата доза вакцина против Ковид-19 станува реалност

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брако сo 15% раст на приходите за периодот јануари-септември во споредба со истиот период лани

Редакција

Пријавени над 130 случаи на оштетени поради поплавите и пожарот во Тетово

Редакција

Илон Маск стана газда на Твитер

Редакција