еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во среде дебата за избори, раст на бројот на заболени со коронавирусот

Во Македонија денеска се регистрирани 33 нови случаи на заболени со коронавирусот, што е раст во споредба со претходните денови.

За скокот на новодијагностицирани пациенти, министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција рече дека ситуацијата ќе се следи наредните денови, за да се види дали е случајност, некаква варијација или ќе биде некаков тренд.

Тој потенцира дека тоа се резултати од само еден ден и не може ништо да се заклучи од само од овие резултати.

“Ако се сеќавате, во неколку наврати имавме слични сценарија со значајно мал, но и значајно голем број заболени, во еден момент имаше и над 100 новодијагностицирани.

Во таа смисла во текот на утрешниот ден, во сабота, ќе ги анализираме новодијагностицираните случаи и ќе носиме заклучоци на што се должат тие. Засега остануваат на сила сите мерки и апелирам сите граѓани да продолжат доследно да ги почитуваат, рече Филипче.

Тој исто така повтори дека на Комисијата за заразни болести не се разговара за изборите и за изборниот процес и апелираше да не се политизира нејзината работа.

На новинарско прашање дали се разгледува можноста за избори на кои инсистираат политичките чинители во државата, Филипче рече дека заклучно со денешниот состанок на Комисијата, не станало збор на оваа тема.

“Приоритет е заштитата на здравјето во смисла на димензионирање на мерките исклучиво согласно бројот на новодијагностицирани, нивната поврзаност, кластерите…“, рече Филипче, додавајќи дека било каква мерка или препорака ќе биде донесена исклучиво врз основа на сознанијата и податоците за новодијагностицирани пациенти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 33 заразени со коронавирусот, раст на бројот во однос на изминатите денови

“Здравствениот пасош“ за патување засега само размислување, има многу отворени прашања, вели Филипче

Најголем дел од 9. новозаразени во Велес се вработени од конфекцијата ЈУ-КА и членови на нивните семејства

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство: Секое сликање или снимање гласачи е законски недозволиво

Редакција

„Ругање со Христос„ на Јани Бојаџи ќе се прикажува само во Штип, другите државни центри за култура немале термин

Редакција

Атина испрати вербална нота: Грција ќе ја обучува македонската војска?

Редакција