еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во струшката болница од морбили се заболени 9 вработени од вкупно 56 на хируршкото одделение

Заменик министерот за здравство, д-р Асим Муса денеска пред Општата болница во Струга изјави дека во струшката болница од морбили се заболени 9 вработени од вкупно 56 на хируршкото одделение.

„Од 56 здравствени работници кои се вработени во ова одделение, во моментов 9 од овие 56 се заболени од морбили, додека пак 5 здравствени работници имаат прележано и се на своето работно место. Не е точна бројката од 50%, туку се заболени 16% од вработените“, изјави заменик министерот Муса.

Во Општата болница, 70% од вработените се вакцинирани. Оние кои не се вакцинирани ќе бидат вакцинирани во најкраток период со МРП вакцина.

Хируршкото одделение ќе биде затворено една недела, а пациентите и понатаму ќе ја имаат потребната неопходна здравствена заштита. Тие ќе бидат испраќани во Охрид и Битола.

Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се вакцинирани вкупно 1.780 лица, од нив повеќе од 65% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 25.808.

Вакцинацијата е единствената мерка за спречување на ширење на епидемијата од морбили и подигнување на колективниот имунитет, велат од Министерството за здравство.

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На продажба пакет од 1.783 акции на Реплек преку моделот “се или ништо“

Редакција

До недела нестабилно време со пороен дожд и посвежо

Редакција

(Видео+галерија) Како се обележа Водици во Охрид: Езерото брануваше, а температурата на водата беше 9 Степени

Редакција