Во Македонија во текот на месец јули се пријавени вкупно 23 случаи на Ковид-19, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
-Во однос на јуни (n=29), се регистрира намалување на бројот на пријавени од Ковид-19 за 20,7%, a во однос на месец јули 2022 година (n=13.957) се регистрира многукратно намалување.
Од заболените во јули 2023 година, најголем број на заболени (n=11) се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (10,1/100.000) е регистрирана во Кавадарци.
Пет од заболените лица се реинфекции.
Во текот на месецот не е пријавено починато лице.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи над 20 години, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години (n=9; 39,1%), велат од ИЈЗ.
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.