Законодавниот дом на САД е затворен откако поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп денеска упаднаа во зградата.
Поради ова, постапката за сертификација на изборите е прекината.
Упадот следеше по денешниот говор на Трамп, кој меѓудругото порача дека никогаш нема да го признае поразот на неодамнешните претседателски избори во САД.
Трамп испрати неколку Твитер пораки во меѓуврeме, но не кажа ништо во врска со продорот на демонстранти во Конгрeсот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бајден го повика Трамп да отстапи, претседателот ги повика демонстраните да си одат дома
BREAKING: Trump supporters have breached the Capitol building, tearing down 4 layers of security fencing and are attempting to occupy the building — fighting federal police who are overrun
This is the craziest thing I’ve ever seen in my life. Thousands, police can’t stop them pic.twitter.com/VVdTUwV5YN
— ELIJAH SCHAFFER (@ElijahSchaffer) January 6, 2021
Во Вашингтон воведен полициски час
Градоначалничката на американскиот главен град Вашингтон, Мјуриел Боусер објави воведување полициски час во градот. Полицискиот час стапува на сила во 18 часот по локално време.
Tаквиот потег е преземен откако демонстранти приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп упаднаа на Капитол во момент на седница на двата дома на Конгресот за верифицирање на изборниот резултати.
Блумберг јави дека полицијата употребила и солзавец за да ги растера демонстрантите.
Трамп на Твитер објави дека треба да и се даде поддршка на полицијата.
„Тие се на страна на државата. Останете мирни“, наведе Трамп на Твитер.
Следета во живо (CBC News):
МИА/еМагазин/Фото: CBC News