еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Масовни протести во Атина, Солун и Патра за убиството на 15-годишното момче од полицаец во 2008 година

Илјадници граѓани, претежно млади, синоќа во Атина, Солун и Патра, традционално протестираа за убиството на 15-годишниот Алексис Григоропулос, кој во 2008 година беше убиен од полицаец, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Главниот дел од протестот во Атина заврши мирно, но имаше инциденти во населбата Ексархија, каде беше убиен Алексис.

Во Солун по завршувањето на главниот протест пак имаше жестоки судири помеѓу демострантите и полицијата.

Од 2008 година кога беше убиен Алексис секоја година на 6. декември низ Грција традиционално се одржуваат протести.

Годинава освен за Алексис се протестираше и за 16-годишното момче кое во понеделникот од полицаец во Солун беше застрерално во глава, оти не платило сметка за бензин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ексклузивно: Состојбата на 16-годишно момче кое полицијата го застрела во глава поради неплатена сметка за бензин останува критична, еМагазин на лице место

(Видео) Грчката полиција застрела во глава 16-годишно момче оти не платило сметка од 20 евра за бензин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ утре ќе расправа за оставката на Заев, а Алтернатива дали ќе влезе во Владата

Редакција

Нема да правиме шоу од проблемот со Бугарија, вели Заев, кој не открива детали од разговорите во Софија

Редакција

13 лица од новите случаи на заразени со коронавирусот имале контакт со потврден случај

Редакција