Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека е во секојдневен контакт со Северна Македонија и Црна Гора и дека Србија наоѓа начини како дополнително да им помогне во вакцинирањето на населението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вработени во над 1.500 компании од Балканот се вакцинираа во Србија
(Фото) Југославија се собра на Саемот во Белград за вакцинација против Ковид-19
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ кажа дека не разбира кога некој го критикува фактот дека во Србија дошле стопанственици од регионот и што странските државјани доаѓаат поради вакцинирање, како и дека не му е важно и нема проблем со „недостаток на благодарност од „колегите“.
-За мене е важно луѓето да бидат задоволни, да бидат делумно заштитени сега кога ја примија првата доза, а кога ќе ја добијат втората, тие ќе бидат уште подобри и дека ќе се заштититени од тешки последици и смрт или барем во 99 отсто од случаите.
Тоа е она што можеме да сториме за луѓето, изјави Вучиќ, одговарајќи колку е горд на пишувањето на медиумите во регионот што вакцинирањето на луѓе од земјите од Западен Балкан е организирано во Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„После ова во Белград Захариева на апарати“: Твитер реакции за вакцинацијата на Македонци во Србија
На Вучиќ не му е јасно, како што истакна, како некој не разбира дека српските граѓани не можат да бидат спасени, ако и луѓето во регионот не се.
-Не знам како некој тоа не го разбира, не сме ние пуст остров, живееме заедно со другите, кажа српскиот претседател.
-Секогаш има неодговорни луѓе и такви кои ќе ви кажат дека ова не е кран или багер, туку дека ги труеме од хеликоптер, на такви луѓе тешко можеме да им објасниме, рече Вучиќ.
МИА/Фото: Фејсбук/Вучиќ