еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Вучиќ и членови на неговото семејство биле нелегално прислушувани, полицијата собрала докази

По налог на Обвинителството за организиран криминал, работната група на Министерството за внатрешни работи сослушала голем број луѓе и собрала докази што укажуваат на тоа дека претседателот Александар Вучиќ и членовите на неговото семејство биле незаконски прислушувани, соопштија од МВР.

– Во согласност со член 27 став 2 од Законот за организација и надлежности на државните органи во сузбивање на организиран криминал, тероризам и корупција, соопштуваме дека известувањата добиени од лица осомничени дека се поврзани со случајот со прислушувањето на претседателот Вучиќ и членовите на неговото семејство, доставени се на понатамшна надлежност до Обвинителството за организиран криминал, се наведува во соопштението на МВР.

Се додава дека Работната група на Министерството за внатрешни работи продолжува да работи по барање на Обвинителството за организиран криминал.

Министерот за внатрешни рабори Александар Вулин изјави дека детално го информирал претседателот Вучиќ за резултатите од досегашната предистражна постапка.

Пред две недели, Вучиќ објави дека има докази дека бил прислушуван година и пол, дека станува збор за директен обид за државен удар и дека во прислушувањето „несомнено е дека учествувал и странски фактор“ , додавајќи дека не ги обвинува странците, „кога пред се се замешани наши“.

– Ова дојде до мене, бидејќи имаше чесни полицајци кои ми го донесоа, кажа Вучиќ, кој додаде дека му биле доставени дискови на кои биле снимени неговите прислушувани разговори.

МИА/Фото: Фејсбук/Вучиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото+Видео) Пендаровски: Имаме извонредно ретка можност да бидеме сведок на еден импресивен јубилеј-1.000 години од основањето на Бигорскиот манастир

Редакција

ССНМ за однесувањето на Бектеши: Функционерите да престанат со дискредитација на новинарите и медиумските работници

Редакција

Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30%

Редакција