Откако ќе бидат завршени нацрт-амандманите за промена на Уставот на Македонија, кои се предвидени со договорот за името со Грција, во кои клучно е менувањето на името на државата во Северна Македонија, ќе бидат испратени и на грчката Влада за консултација, потврди премиерот Зоран Заев.
Договорот со Грција не го предвидува и бара тоа, но Заев вели дека тоа е во духот на договореното кога ќе биде дефинирано се да биде исконсултирана и грчката страна.
Нацрт-амандманите се очекува да стигнат во Собрание до петок, а во истите ќе бидат вметнати и предлозите на осумте пратеници од опозицијата, кои се однесуваат на делот за зајакнување на македонскиот идентитет, гаранцијата дека процесот ќе биде истеран до крај и нема да биде повторно блокиран од Грција, односно дека уставните амандмани ќе влезат во сила со рафитикацијата во грчкиот Парламент и во делот на внатрешната примена на новото име.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нацрт-амандманите за измени на Уставот во Собрание до петок