Пет барања за одземање на имунитетот на поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски, кој избега и доби политички азил во Унгарија, се испратени до Собранието. Тие ќе бидат разгледувани на утрешната седница на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, чиј претседател е Павле Богоевски.
Груевски е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот мерцедес, но пред да започне да ја отслужува затворската казна, избега во Унгарија.
Тој е обвинет и во случаите на СЈО „Таекторија“, „ТНТ“, „Титаник“ и „Насилство во Центар“, за кои ќе му се суди во отсуство.
Покрај тоа, Груевски е осомничен и во неколку отворени истраги на СЈО, меѓу кои и „Талир“, „Пропаганда“, „Хармонија“.
МИА/Фејсбук-профил на Никола Груевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протест во Косово против албанската Влада затоа што „му помогна на Груевски да побегне“
Дојче Веле: Груевски користел четири стана?