Денеска премиерот Зоран Заев до Собранието ќе го достави предлогот за реконструкција на Владата. Тогаш, како што рече, ќе ги соопшти деталите околу имињата и ресорите.
Причина за одложувањето беше тоа што нашата земја изминатите два дена беше домаќин на Конституенцата на повеќе странски министри за финансии, гувернери, тројца потпретседатели на Светската банка и двајца потпретседатели на Меѓународниот монетарен фонд.
„Одлуките се донесени и во недела попладне ќе ги доставам до Собранието материјалите за сите промени што ќе се случат во Владата“, изјави Заев.
Паралелно со ова, како што истакна, се работи и на вториот бран со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.
Медиумите на албански јазик веќе јавија дека Насер Нуредини ќе биде новиот министер за животна средина, а Хисни Исмаили нов министер за култура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алсат М: Хисни Исмаили е нов министер за култура
Заев в недела ќе го достави предлогот за реконструкција до Собранието