Кабинетот на премиерот денеска соопшти дека се зголемува безбедноста при комуникација со Зоран Заев и оттука во рамки на кабинетот на премиерот променети се дел од техничките уреди, вклучително и мобилните телефони и броевите на мобилните телефони на премиерот и на дел од неговите соработници.
„Премиерот направи и анализа на професионалноста и ефикасноста на ангажманите на своите советници и соработници, врз основа на што на дел од ангажираните лица ќе им се заблагодари за досегашната соработка.
Согласно најавата за одлучно спротивставување и справување со дезинформации и со напади врз демократијата во земјата, Кабинетот на премиерот подготвува План за одлучна акција против ширење дезинформации чија прва верзија наскоро ќе биде претставена на јавноста, а потоа и консултирана со засегнатите чинители и со стратешките партнери на земјата.
Премиерот Заев и Кабинетот се посветени на унапредување на отворениот и транспарентен начин на работа, во согласност со безбедната употреба на новите технологии и со протоколите кои произлегуваат од современите начини на менаџмент и управување“, велат од Влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев на руските комичари им праќал слики со Меркел
(АУДИО) Руски комичари три пати разговарале со Заев преставувајќи му се како Порошенко и Столтенберг
Фото: Влада