еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев го повлече предлогот да раководи со Министерството за финансии, ќе ја врши функцијата до изборот на нов министер

Премиерот Зоран Заев на денешната 103. седница на Собранието, на која се расправа по реконструкцијата на Владата, го повлече предлогот во исто време да биде и министер за финансии.

Заев појасни дека согласно овлатувастувањата со Законот за Влада, ќе раководи со Министерството за финансии, се до изборот на нов министер.

Образложувајќи го овој чекор, тој рече дека мора да се послушаат сугестиите на опозицијата, како и Антикорупциската комисија, која, според него, испратила сериозна порака.

– Уставот и Законот за Влада дозволуваат премиерот да биде и министер. Сепак, му дадов налог на кабинетот да ја повлече мојата кандидатура за министер за финансии. Согласно овлатувастувањата со Законот за Влада, ќе раководам со Министерството за финансии, се до изборот на нов министер, рече премиерот Заев.

Државната комисија за спречување на корупцијата, денеска упати соопштение до Собранието, во кое укажува дека ќе преземе конкретни мерки согласно нејзните надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, доколку премиерот Зоран Заев би бил избран за министер за финансии.

Собранието на почетокот на седницата констатираше дека на министрите за култура, за земјоделство шумарство и водостопанство, за животна средина и на министерот без ресор, Асаф Адеми, Љупчо Николовски, Садула Дураку и Зоран Шапуриќ им престана мандатот, бидејќи тие претходно поднеле оставки. Ниту еден од министрите не ја образложи својата оставка.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, повикувајќи се на истите членови од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, побара од дневниот ред на денешната седница да биде тргната точката за избор на нови министри, но неговиот предлог не беше прифатен.

На денешната собраниска седница пратениците треба да гласаат и за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа, Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците и премиерот Зоран Заев за министер за финансии, функција што ќе ја извршува во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.

На дневен ред на денешната седница се и предлозите за разрешување на Драган Тевдовски од функцијата министер за финансии, Сухејл Фазлиу од функцијата министер за локална самоуправа и Хазби Лика од функцијата министер без ресор задолжен за спроведување на Рамковниот договор.

МИА/фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска: Заев не може да биде премиер и министер за финансии

Кои се тие функционери кои не ги фатила „метлата“, а местеле милионски тендери, за кои зборува поранешниот советник на Тевдовски, Јовановиќ?

Каков имот пријавил Зоран Заев, новиот министер за финансии

„Ало бе што беше бруто, нето?!“: Твитер реакции оти Заев ќе биде и премиер и министер за финансии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КОД: Сопственикот на „Беса Транс“ два пати бил на распит во бугарското Oбвинителство, за македонските органи останува недостапен

Редакција

Враќање во 20 век: Антени повторно на терасите за „скромна“ ТВ програма?

Редакција

(Вознемирувачко видео) Во стампедото за Ноќта на вештерките во Сеул загинаа најмалку 151 лица

Редакција