еМагазин
Image default
Македонија

Заев и Ципрас за Договорот од Преспа ќе бидат наградени на Минхенската безбедносна конференција

Наградата „Ewald von Kleist“ на Минхенската безбедносна конференција, оваа година, ќе им биде доделена на Зоран Заев и Алексис Ципрас за Договорот од Преспа, објави „Дојче Веле“ на грчки јазик.

Претседателот на конференцијата, Волфганг Ишингер на неговиот официјален Твитер профил на 25 јануари, кусо откако Преспанскиот договор беше ратификуван од грчкиот Парламент, напиша дека „ двајцата премиери ќе бидат поканети на 16 февруари во Минхен да ја примат престижната награда“ за време на 55-та конференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на Минхенската безбедносна конференција што ќе се одржи од 15 до 17 февруари, вчера за „Дојче веле“ потврдил дека и Заев и Ципрас ја прифатиле поканата.

Наградата се доделува од 2009, а меѓу досегашни добитници се Хавиер Солана, Јоаким Гаук и ОБСЕ.

-Со доделувањето на наградата на Алексис Ципрас и Зоран Заев, Минхенската конференција за безбедност ја признава важноста на Договорот од Преспа за безбедноста и стабилноста и на Балканот, но и во Европа, пишува „Дојче веле“ на грчки јазик.

Дел од медиумите во Грција во изминатите денови пишуваа дека токму на маргините на конференцијата во Минхен, двајцата премиер можно е да одржат билатерална средба, пренесува МИА.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна судењето против Лидија Димова, поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Редакција

Иванов на средбата со папата Франциск ги повика граѓаните на помирување и простување и сплотување за духовна обнова на Македонија

Редакција

Абази случајно го сретнал Бејта на планина, а фотографијата со братот на Ахмети била од свадба

Редакција