еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев и Мицкоски се договорија да не се договорат, судбината на СЈО останува да виси

Лидерската средба помеѓу лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која траеше повеќе од седум часа, заврши без договор.

Политичарите до раните утрински часови не успееа да најдат решение за Законот за јавното обвинителство (ЈО), од кој зависи идниот статус на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

За неколку дена, на 15 септември истекува мандатот на СЈО, а очекувањата беа дека средбата ќе донесе договор Законот за ЈО да се донесе со двотретинско мнозинство во Собранието.

На 15 септември, завршува и мандатот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“. Таа пред неколку дена од затворот даде полномошно сите предмети од СЈО да преминат во Јавното обвинителство.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Венко Андоновски по 10 години се враќа на сцената со нов роман

Редакција

(Галерија) Дали знаете каде може да престојувате во Битуше, селото со вонвременска убавина

Редакција

ЈП „Паркови и зеленило“ вработува, плата до 26.759 денари

Редакција