Интервјуто на премиерот Зоран Заев за агенцијата БГНЕС, претставува мал чекор во вистинската насока, изјави денеска во Велико Трново бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов.
– За ова му честитам на Заев. Тој собра храброст, поради што некои од неговите противници го критикуваат. Ако се продоложи вака, мислам дека следната година можеме да зборуваме за започнување на преговарачкиот процес, изјави Каракачанов при посетата на Националниот воен универзитет „Васил Левски“ во Велико Траново, кој одбележува 142 години од почетокот на военото образование во Бугарија.
Како што јави БГНЕС, осврнувајќи се на ставот на Заев за заедничка историја на двете земји, Каракачанов нагласи дека „историјата е заедничка, но мора да се разјасни чија е“.
– Таа е заедничка, но тоа е бугарска историја, изјави Каракачанов, додавајќи дека Бугарија мора да го брани својот национален интерес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бранко Црвенковски го замрзна членството во СДСМ: Бара партијата да се дистанцира од Заев
Бранимир Јовановиќ до Заев: Не да изрази жалење за интервјуто, туку да се извини
МИА/Фото: Фејсбук/Каракачанов