Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека премиерот Зоран Заев не се појавил на денешното судењето во врска со обвинувањата за негова вмешаност во случајот „Рекет“, иако самиот ја поднел тужбата за клевета.
Николоски оцени дека предметот до сега се водел коректно и се надева дека така ќе остане.
„Вистината е јасна и едноставна, тоа е дека во Македонија имаше рекет, дека предмет на рекет беа повеќе од еден бизнисмен, дека беа изрекетирани многу средства, дека имаше јасна пирамида и јасно е кој беше на врвот на таа пирамида. Очекувам судот да донесе пресуда во моја корист,“ рече Николоски.
Пресудата за тоа, дали имало или не, клевета од страна на Николоски, за наводна вмешаност на премиерот Заев, за случајот „Рекет“ ќе биде донесена следниот четврток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Му бара оштета од 1.000 евра: Заев го тужи потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски
Фото: Влада