еМагазин
Image default
Македонија

Заев побара оставка од директорот на затворот „Скопје“, Ѓоко Котевски

Премиерот Зоран Заев денеска побара оставка од директорот на затворот „Скопје“, Ѓоко Котевски, по вчерашните два инцидента во дворот на оваа казнена институција, во кои имало повредени притвореници.

Премиерот го осуди самиот чин, и наведе дека без разлика на тоа кој е виновен за инцидентите, тој побарал одговорност од директорот. Оставката тој ја очекува најдоцна до понеделник.

Зад ваквата одлука застанала и министерката за правда, Рената Десковска.

-Случајот заслужува и ќе има истрага. Треба да се види дали и каде е направен пропуст. Мора да има одговорност кој дозволил да има близок контакт меѓу овие две групи, без разлика дали тоа е вообичаена пракса или не. Во конректнава ситуација треба да се прави проценка за одредени ризици, рече министерката Дескоска.

Таа смета дека доколку имало и физички напад и контакт, има простор истрага да поведе и јавен обвинител, а со случајот може да се занимава и Народниот правобранител.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги откри ли командант Малишева напаѓачите на Јанакиески и Ристоски?

Твитер „експлодира“ за затворскиот инцидент со ексминистрите Јанакиески и Ристовски

По „тепањето“ на Јанакиески и Ристовски: Организирана политичка пресметка или исцениран случај?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) “Македонска пошта“ издаде поштенски марки со карта на „Голема Хрватска“, целиот тираж ќе биде поништен

Редакција

Убава вест: Оздравени 131 заразени од Ковид-19, најмногу од Скопје и Куманово

Редакција

Претседателката има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, велат од Кабинетот на Давкова

Редакција