еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев потврди дека неговиот глас е на „аудио-бомбата“ на Милошоски

Како партија сме отворени, транспарентни и одговорни кога станува збор за маркетингшкото претставување на нашите политики и успеси во медиумите. Ако видите дека сме помагале на тогашната 1ТВ, сме помагале и на Сител, на Канал 5 и на други и сме добиле сериозен маркетингшки простор преку кој сме имале можност да ги претставиме нашите политики, во време од пред пет-шест месеци пред да се појави случајот „Рекет“ или да сум имал индиции за тоа, изјави вечерва во Прилеп претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој подвлекува дека кога зборува за маркетинг-поддршката, најчесто тоа СДСМ го прави преку закуп на сите медиуми, како и дека тоа транспарентно го објавуваат и може да се види во ревизорските извештаи.

„Државата, нам, на политичките партии ни дава сериозни пари од граѓаните. Еден дел од тие пари се за маркетинг на нашите политички субјекти, еден дел одат за сериозни аналитички центри и за подигнување на нашите демократски капацитети, а друг дел претставуваат промоција на нашите политики и успеси, зашто веруваме дека ако политичките партии бидат подобри, и државата ќе ни биде подобра. Тоа го правиме на транспарентен начин.

Ако видите дека сме помагале на тогашната 1ТВ, сме помагале и на Сител, на Канал 5 и на други и сме добиле сериозен маркетингшки простор преку кој сме имале можност да ги претставиме нашите политики.

Зборувам отворено, дури во едно време кога немало никакви докази, ниту сум имал некакви индциии, ниту пак претставил некој нешто пред мене, во такво едно време пред пет-шест месеци пред да се појави случајот „Рекет“ или пак, мене да ми биде презентиран, како совесен, одговорен претседател на Влада, сум почувствувал дека има одредено сомнително финансирање.

Па затоа сум прашувал од каде, (таму велат „од фраерот од Хрватска“ или од некои други извори), зашто државата мора да води грижа за своите реперкусии од кој било аспект кои може да настанат како штетна последица врз целото наше општество“, изјави Заев за снимката што пратеникот Антонио Милошоски ја предаде во Обвинителството.

Заев смета дека работите во ова време се променети и може да биде силна порака за владеењето на правото.

„Мислам дека е јасно дека не е исто во државата. Работите многу се променија и тоа може да биде силна порака: ако Заев може да внимава, ако може носителите на јавни функции да внимаваат, ќе внимаваат судиите, обвинителите, деловните луѓе, граѓаните. Европска држава ќе бидеме ако владее правото, над сѐ, ја почитуваме правната држава и законот важи еднакво за сите“, изјави Заев.

Тој категорично ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека во август во премиерската вила на Водно се сретнал со поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

„Не е точно. Треба да ги проверат тие податоци како се обзезбедени. Последна средба со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева имав во Советот за реформи во правосудството, во Владата, така што ова не е точно“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

МИА/Фото:Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милошоски по средбата со Рускоска: Заев да даде исказ дали знаел за финансирањето на 1ТВ

Милошоски на Русковска ѝ ја достави „бомбата“ за Заев

(Фото) Антонио Милошоски ќе ја носи “бомбата“ за Заев, Боки 13 и „Рекет„ кај Русковска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

427 санкции за неносење маска 

Редакција

Евакуирани пет училишта во Скопје по добиени закани за поставени бомби

Редакција

Си ја запечати ли Гарванлиев кариерата во Македонија?

Редакција