еМагазин
Image default
Македонија

Заев смета дека Русија нема никаква врска со „местенката“ на комичарите

Премиерот Зоран Заев разговарал со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, а денеска ќе има и состанок со него, а како што посочи, средбата била закажана уште пред десеттина дена и не е поврзана со неговиот телефонски разговор со руските пранкери, кои му се претставија како Петро Порошенко и Јенс Столтенберг.

„Ние имаме редовна комуникација со сите амбасадори. Оваа средба е закажана уште пред десеттина дена. Сметам дека овие пранкови или фејк перформанси претставуваат приватни работи, не се акт од Руската Федерација и не смеат ваквите работи да се испречат пред нашите пријателски односи.

Соработката со Руската Федерација е една од нашите цели, зајакнување на таа соработка на економски и на секаков план“, нагласи Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали досега разговарал со Баздникин за телефонските разговори со лажните Порошенко и Столтенберг, во кои меѓу другото кажал дека српскиот претседател Александар Вучиќ е под влијание на Русија.

Заев нагласи дека тој се залага за пријателство и унапредување на регионалната соработка и оти во разговорите со руските пранкери тоа било потврдено.

Напомена дека се залага за решавање на косовското прашање по примерот на Преспанскиот договор и оти посакува просперитет на Албанците и на сите граѓани кои живеат на Косово.

Истакна дека познато во јавноста е дека Русија не сака Северна Македонија да биде членка на НАТО, но не поради самите нас, туку поради тоа што против проширувањето на Алијансата.

„Ние сме мала земја сакаме да бидеме пријатели со сите и да го задржиме пријателството дури и со оние кои се против проширувањето на НАТО. Нашата намера не е непријателство кон Руската Федерација со тоа што ќе станеме членка на НАТО, напротив верувам дека со тоа само ќе го задржиме мирот во Северна Македонија и во целиот регион“, додаде Заев.

МИА/Фото:Фејсбук/Заев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Гордана Јанкулоска 2015: Шупрајш Зоран Заев 2019: Вери гут“: Твитер реакции за премиерот и руските комичари

Рускиот комичар Кузнецов за Алфа открива како дошле до телефонскиот број на Заев

И Заев им вртел на руските комичари

По „местенката“ на Заев: Русите не се наивни, но одговорност мора да има

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „Траекторија“: Вешто лице тврди дека се направени некои грешки во вештачењето

Редакција

Заев: Не можете цели нации да ги оквалификувате како фашистички, не станува збор за бришење на историјата

Редакција

(ВИДЕО) Боки 13 донесен во Обвинителството на распит за „Рекет“

Редакција