еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Запознајте ги членовите на ДИК: Кој е Јанаќе Витановски

Подготовките за престојните предвремени парламентарни избори, кои ќе се одржат на 12. април се во полн ек.

еМагазин во серијал ќе Ве запознае со членовите на Државната изборна комисија (ДИК).

Кој е Јанаќе Витановски

Витановски е член на ДИК од јуни 2018 година.

Во периодот од 1984 до1986 година работи во фабриката за градежни материјали „8ми Ноември“ од Неготино како секретар.

Од 1991 до 2002 година работи како секретар во Здружението на возачи Неготино, а истата функција ја обавува и во периодот од 2006 до 2009 година.

Политичка кариера

Во периодот од 1986 до 1991 година е секретар на Извршен совет на Општина Неготино.

Од 1996 до 2002 година е советник во Советот на Општина Неготино.

Во периодот од 2002 до 2006 година е пратеник во Собранието на Република Македонија.

Од 2009 до 2014 година е член и претседател во Комисијата за верификација на фактите.

Од 2016 до јуни 2018 година работи во ДИК како раководител на Секторот за составување и ажурирање на Избирачкиот Список, евиденција на избирачкото право и описите на избирачките места.

Образование

Средно училиште завршил во гимназијата „Св.Кирил и Методиј“ во Неготино.

Тој е дипломиран правник. Дипломирал на Правниот Факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, завршен VII/1 степен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запознајте ги членовите на ДИК: Која е Елизабета Постоловска

Запознајте ги членовите на ДИК: Која е Дитмире Шеху

Запознајте ги членовите на ДИК: Кој е Оливер Деркоски

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Кој дојде на свечениот прием во Собранието за дочек на Столтенберг

Редакција

Почина младиот доктор Трајче Нешковски и активист на СДСМ: Неофицијално му се слошило пред да причини сообраќајна несреќа на Рузвелтова

Редакција

Османи тврди дека МНР никогаш не вршело притисок по однос на содржината на разговорите и одлуките на историската Комисија со Бугарија

Редакција