еМагазин стартува со нов серијал во кој ќе Ви ги преставиме новите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата или во јавноста позната и како Антикорупциска комисија.
Кој е Нури Бајрами
Стартуваме со потпреседателот на Комисијата, Нури Бајрами, чиј избор предизвика најмногу реакции, поради фактот што е баџанак на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Правен факултет завршил на Универзитет во Приштина, а средно образование – општа гимназија во Гостивар.
Интересно е дека во неговата официјална биографија како работно искуство го ставил и податокот дека во периодот од 1989 до 1997 бил на привремена работа во странство.
Во периодот пак од март 1998 до октомври.2005 година работел во радио телевизиска станица “ТВ Дуе“ како новинар и уредник на информативни емисии.
Од февруари 2006 до јули 2006 година работи во Генералнио секретаријат на Владата на Република Македонија како виш соработник за подобрување на соодветната и правичната застапеност.
Од јули 2006 до мај 2009 година работи во Министертсво за одбрана на Република Македонија како виш соработник за односи со јавноста и како службено лице за посредување со информации од јавен карактер (дополнителна работа).
Од јуни 2009 до февруари 2019 година работи во Општина Гостивар, најпрво како раководител на Одделение за управување со човечки ресурси и службено лице за посредување со информации од јавен карактер (дополнителна работа), а потоа како раководител на Одделение за нормативно – правни работи и службено лице за посредување со информации од јавен карактер (дополнителна работа).
Оженет е и татко на едно дете.
Роден е во 1960 година во гостиварското село Падалиште.
Одлично зборува македонски и германски, а се снаоѓа и со италијанскиот јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Дескоска тоа што баџанакот на Џафери стана член на Антикорупциска не е спорно
Фото: ТВ24/Фејсбук/Бајрами