еМагазин
Image default
Македонија

Заразената директорка викендов држела предавање на колеги, била во контакт со над 300 лица

Директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, која е четвртиот регистриран случај на заразено лице со коронавирусот во саботата, откако претходно се вратила од скијање во Италија, им одржала и предавање на колеги што учествувале на стручното предавање во Скопје, објави МКД.

Меѓу нив имало и странци, а сите нејзини колеги и здравствени работници од другите здравствени установи што учествувале на предавањето се во паника.

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска ја потврди информација и рече дека на предавањето присуствувале 103 здравствени работници.

Во кругот на луѓето што директно или индиректно дошле во контакт со лекарката веќе има повеќе од 300 лица, пишува МКД.

Официјално нема информација со колку лица била во било каков контакт, но познато е дека пет дена контактирала со колеги и пациенти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црно ни се пишува кога лекарка не ги почитувала препораките за корона вирусот

Поради несовесната директорка, можно затворање на цел оддел на Клиниката за кожни болести

Четврти случај на коронавирус: Заболена директорката на Клиниката за кожни болести

Фото: Дераматологија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апасиев нема да оди на лидерската поради убиството на Вања и Панче

Редакција

Горан Милевски реизбран за лидер на ЛДП, порача дека нема да го подржи предлог законот за амнестија

Редакција

(ВИДЕО) Во „затворениот“ Мош нов настап на Георгиев, ниту присуството на полицијата не ја прекина забавата

Редакција