еМагазин
Image default
Македонија

“Здравствениот пасош“ за патување засега само размислување, има многу отворени прашања, вели Филипче

Примената на имунолошкиот пасош за да може граѓаните да патуваат засега е само на ниво на расмислување во повеќе земји, па и кај нас. Министерот за здравство, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција рече дека прашањето околу имунолошкиот пасош е многу актуелно, но оти неговото воведување има многу отворени прашања.

– Ние дисктуравме во рамки на Комисијата и засега согласно овие препораки некаква голема вредност во однос на сигурноста нема, но сме отворени за опцијата за наши граѓани кои би патувале, но и за странци кои би дошле, но доколку станува збор за некој пристап на повеќе земји, во смисла на регионален пристап или во земји од ЕУ.

Така што за тоа прашање нема некој поширок консензус. Повеќе земји го разгледуваат, но засега немаме став, истакна министерот.

Тој додаде дека дилемите околу имунолошкиот пасош се однесуваат на тоа кој е протоколот што ќе се признае за валиден, колку денови ќе се важи тестот, колку ќе се комплицира тој процес ако станува збор за кратокрајни патувања и каква е гаранцијате дека од тестот до влегувањето некој не се заразил, рече министерот.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем дел од 9. новозаразени во Велес се вработени од конфекцијата ЈУ-КА и членови на нивните семејства

Откако му се влошила состојбата, 70-годишен велешанец починал од коронавирусот на пат кон Скопје

Нови 33 заразени со коронавирусот, раст на бројот во однос на изминатите денови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Беса транс“ имала истечена лиценца за линиски превоз и користела изводи од други возила

Редакција

СДСМ му дава поддршка на Мицкоски за итна смена на Гаши

Редакција

Починаа петмина нови пациенти од корона вирусот, еден од нив дома

Редакција