Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 30.09.2019 и неплатени до 31.12.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На листата има и познати бизнисмени и фирми. Кумановскиот бизнисмен Бајруш Сејдији должи 112 милиони денари, кавадаречката фирма „Урбан инвест“ должи 34 милиони денари, „Хисар Туризам“ должи 9 милиони денари, „БМЈ Медиа груп“ должи 4 милиони денари…
Целата листа должници ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТЕ-ТО со долг од 20 милиони евра убедливо на врвот на листата должници на УЈП
Нова листа должници на УЈП: Јавни претпријатија должат милиони неплатен данок
Нова листа должници на УЈП: Граѓани и фирми „набилдале“ долгови од 162 милиони евра