Државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн, кој е во Македонија за состанокот на лидерите од Западен Балкан, денеска изјави дека не знае за нон-пејпер на политичките партии на Албанците со кој ќе се обврзат да не коалицираат со партија која шест месеци по изборите нема да ги спроведе уставните измени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Во Скопје денеска состанокот на лидерите од Западен Балкан, еве кој се дојде во Македонија
Тој од новинарите беше прашан дали меѓународната заедница притиска за потпишување на ваков нон-пејпер, за што се шпекулираше во медиумите деновиве.
„Не знам за нон-пејпер и би сакал да се задржам на она што го кажав во ноември кога бев во Скопје, како и денеска. Сметаме дека граѓаните на Северна Македонија треба да решат за патот за напредок.
Мислам дека една партија даде предлог за напредок и трпи критики затоа што некои луѓе го сакаат или не го сакаат. Друга партија ветува дека ќе изнајде начин за патот напред и мислам дека можеби е фер граѓаните да побараат од таа партија да понуди нон-пејпер во кој ќе објасни која е нејзината визија и потоа ќе можете да решите меѓу визијата која ја знаете и нешто што е ветување“, рече О`Брајан и подвлече дека позицијата на американската администрација е дека Македонија треба да го продолжи процесот на пристапување кон Унијата – за што неопходно е заокружување на процесот на уставни измени.
Фото: Влада