Лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети пеел во кабинетот на првиот вицепремиер Артан Груби во зградата на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците на 22. ноември 2022 година, на Денот на албанската азбука, а не вчера кога му беше роденден, вели Груби за телевизијата 24.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ахмети пак славеше роденден во кабинетот на Груби, со цигари и музика
На снимката која ја објави Груби се гледа и чад од цигари, што е забрането и казниво, како што е забрането и казниво и злоупотреба на државни институции за партиски цели и дружби.
Груби минатата година во неколку наврати доби предупредување од Антикорупциската комисија за партиска злоупотреба на државните ресурси.
За време на пандемијата со Ковид 19, Ахмети, заедно со други функционери на ДУИ, без маски, славеше роденден во канцеларијата на Груби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: ДУИ