еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Ветото од Грција за Албанија се поизвесно

Најавеното вето од Грција за европскиот пат на Албанија станува се поизвесно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција со вето ќе го блокира почеток на преговорите на Албанија со ЕУ

Грчките медиуми објавија дека поради припадникот на грчката заедница во Албанија, Фреди Белерис, (кој на последните локални избори стана градоначалник, но се уште не положил заклетва, бидејќи заврши во притвор, откако беше обвинет за купување гласови), е неизвесно дали земјата ќе ги почне преговорите со Европската Унија.

Грција со писмена изјава доставена на седницата на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР), побарала Албанија да преземе конкретни мерки за Белерис да положи свечена заклетва како градоначалник, а во спротивно „нема да може да се согласи за следните фази од процесот на пристапување“.

Во изјавата пишува и дека Грција бара и да се почитува неговото право на правично судење и презумпцијата на невиност.

Во истата меѓудругото стои и дека отсега Грција, ќе смета дека интеграцијата на Албанија во ЕУ е поврзана со ставот на Тирана во конкретниот случај, „што грчката страна го смета како доказ за прекршување на условите што треба да ги исполни една држава кандидат за членство“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Албанија почна судењето на градоначалникот Белери, кое може да и донесе “блокада“ од Грција

Поддршка за Македонија, Србија и Црна Гора од Грција за ЕУ, „условена“ за Албанија

И покрај „заканите“ од Грција со евроинтегративниот пат на Албанија, градоначалникот од грчката заедница останува во притвор

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грејната сезона може да почне и на 1 октомври, ако температурата е помала или изнесува 12 степени

Редакција

Како изгледа букварот на македонски јазик, што Ципрас го спомна во грчкиот Парламент

Редакција

Убава вест: Оздравени 95 заболени од Ковид-19, најмногу од Скопје 44

Редакција