Хрисијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е идниот македонски премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кој сѐ е дел од неа: Во Собранието доставен составот на новата влада
Каково образование има
Роден е на 29. септември 1977 година во Скопје.
Тој е Доктор по технички науки-машинство на Машински факултет во Скопје, а докторирал на темата “Управување на манипулациони роботи со примена на fuzzy логика“, стои во неговата официјална биографија.
Исто така е Магистар по машински науки на Машински факултет во Скопје, а магистрирал на темата “Оптимизациона синтеза на лостови механизми“
Мицкоски е дипломиран машински инжинер, а дипломирал на темаата “Комјутерски подржани кинематска и кинетостатска анализа на лостови механизми“.
Зборува англиски, италијански, српски и бугарски јазик.
Како напредуваше во ВМРО-ДПМНЕ
Во 2021 година е реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, откако за првпат беше избран на таа функција во 2017 година.
Во 2017 година бил и претседател на кадрова комисија на ВМРО-ДПМНЕ и генерален секретар на партијата.
Во 2016 година бил член од Републички изборен штаб во Изборната единица 4.
Од 2015 до 2017 година бил член на Извршниот комитет на партијата.
Во 2014 година бил член од Републички изборен штаб во Изборната единица 4.
Во 2011 година исто така бил член од Републички изборен штаб.
Од 2010 до 2012 година е ко-претседател на Комисијата за енергетика на партијата.
Во 2008 година бил член од Републички изборен штаб во Изборната единица 4.
Работно искуство и политичка кариера
Од 2019 година е редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје.
Од 2016 до 2017 година е претседател на Управниот одбор и генерален директор на државната ЕЛЕМ.
Од 2015 до 2017 година бил советник на поранешниот премиер Никола Груевски за енергетика.
Од 2014 до 2019 година е вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје.
Од 2009 до 2014 година е доцент на Машинскиот факултет во Скопје.
Од 2004 до 2009 година е асистент на Машинскиот факултет во Скопје.
Од 2002 до 2004 година е помлад асистент на Машинскиот факултет во Скопје.
Од 2001 до 2002 година е главен и одговорен проектант на термотехнички инсталации во Фонко клима.
Автор е на повеќе меѓународни и домашни публикации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Иван Стоилковиќ, кандидат за министер за односи меѓу заедниците
Која е Весна Јаневска, кандидат за министер за образование
Која е Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за министер за финансии
Фото: ВМРО-ДПМНЕ