Елена Петрова, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ е новата директорка на Управата за јавни приходи (УЈП).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Елена Петрова е нова директорка на УЈП
Таа доаѓа на местото на Сања Лукаревска од СДСМ.
Која е Петрова
Таа беше дополнителен заменик министер за финансии во последната техничка Влада.
Петрова е дипломиран економист.
Има над 25 годишно работно искуство во УЈП. Седум години била управник во Дирекцијата за јавни приходи – за големи даночни обврзници, а претходно била раководител на даночното Одделение во Свети Николе, раководител на Одделот во секторот за оперативна политика и едукација, како и раководите во Секторот за утврдување и наплата на даноци во Генералната дирекција.
Пред да дојде на новата функција беше заменик претседател на Работното тело за имплементација на Даночен информациски систем во УЈП.
Има и осум години работно искуство во приватниот сектор.
Членувала и во неколку управни одбори на проекти со Министерството со финансии, Министерството за труд и социјална политика, УЈП, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување, стои во нејзината биографија.
Петрова поседува и неколку лиценци и сертификати, а поминала обуки и соработувала со Светска Банка, Меѓународниот монетарен фонд и други меѓународни организации, пишува во нејзината биографија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Елена Петрова, новата директорка на УЈП
Бобан Николовски нов директор на Царинската управа
Фото: ВМРО-ДПМНЕ