Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски информираше дека Јавното обвинителството ќе препорача притвор за 10 лица, од 48 часа, а под истрага се околу 20 лица.
„За десет лица ќе препорачаме притвор од 48 часа, со тоа што истиот може да се продолжи и до 30 дена ако има потреба“, изјави Коцевски.
Тој додаде дека за оваа несреќа ќе се стават на располагање сите капацитети на Обвинителството.
„Ќе ги ангажираме сите вештаци, ќе се истражи чија е одговорноста за трагедијата. Се бара вертикална и хоризонтална одговорност. Увидот нема рок, ќе трае додека не заврши“, додаде Коцевски.
Тој оцени дека пропустите се големи.
„Слободно можам да кажам дека се работи за ерозија на системот,“ вели обвинителот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца малолетни лица починати, а повредени повеќе од 20 малолетници во пожарот во Кочани
Фото: Unsplash