Несогласувањата на претседателот на владејачката Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари и поранешниот лидер, Зијадин Села, се прелева и во техничката влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министрите Меџити и Алиу пред разрешување поради несогласувањата на Таравари и Меџити
Откако станува се поизвесно дека се доведени во прашање функциите на министерот за здравство, Фатмир Меџити, кој е долгодишен пријател со Таравари, па очекувано застана на негова страна, како и министерот информатичко општество и администрација, Азир Алиу, денеска од партијата информираа дека Управниот совет (УС) на АА за нов министер за здравство го предлага Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација, Наим Бајрами.
Демири е актуелен директор на Клиничката болница во Тетово, а Бајрами магистер по политички науки.
За предлозите гласале пет од вкупно седум членови на УС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој доаѓа на местото на разрешената директорка на Пошта, која е на страната на Таравари
Разрешени директори на АА кои застанаа на страната на Таравари
Ја најави ли Мицкоски поделбата во Алијанса за Албанците поради несогласувањето на Таравари и Села?