Вчера со автоматска пушка маж пукаше во градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибрахими, кадар на владејачката ДУИ.
Оваа е трет напад на градоначалникот. Лани беше физички нападнат во просториите на Општината, а доби и закана по живот, по што Општината беше затворена неколку дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Ридван Ибрахими, градоначалникот на Арaчиново, во кој беше пукано
При вчерашниот напад се повредени две лица, кои завршија во болница и се надвор од животна опасност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се повредените при нападот на градоначалникот на Арачиново
Напаѓачот се уште не е идентификуван.
Она што е познато е дека во Ибрахими е пукано во автомобил во движење во селото Арачиново, додека тој со неколку лица бил на увид на градежни активности.
Од Јавното обвинителство информираа дека е издадена наредба за обезбедување снимки од видео надзор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца браќа му се заканувале на градоначалникот на Арачиново, Обвинителство поведе постапка