еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој помогна Палевски да се лоцира во Турција?

Осомничениет за убиството и грабнувањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, како што е познато е уапсен во Баликесир во Турција, а македонските власти очекуваат негова брза екстрадиција во Македонија и веќе ја почнаа процедурата.

Во јавноста се уште има многу дилеми околу овој случај кој не вознемири сите, а едно од прашањата е и кој и помогна на македонската полиција Палевски брзо да биде лоциран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Фејсбук, група за „правда“ за Палевски, се договара и протест

Која е партијата „Десна“ чиј претседател е Палевски, а членови дел од осомничените за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

Кој го возеше Палевски од Скопје до Турција

Палевски прво избега во Белград, Србија, а таму со возило го однесе неговиот адвокат Васко Стојков, кој е приведен вчера, а денеска ќе биде познато дали ќе добие притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски го однесов во Белград за на преглед, не знаев за убиствата, вели неговиот адвокат Стојков

Тој претходно изјави дека го возел Палевски до Белград, бидејќи тој му рекол дека треба да оди на лекар таму, а немал во моментов автомобил и дека не знаел дека тој е инволвиран во убиствата.

Од таму до Турција го возел струмичанецот Стефан Димковски, кој беше приведен на граничниот премин „Дојрани“ и доби 48-часовен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во притвор и лицето кое му помогнало на Палевски да избега од Србија во Турција

Тој пак на Фејсбук на 3. декември објавил фотографија од рутата по која го возел Палевски.

Засега не е јасно дали оваа фотографија и помогнала на македонската полиција во лоцирањето на Палевски, за кого претходно се тврдеше дека е во Бугарија, а тамошните власти демантираа, или и самиот Димковски лично помогнал.

Како што објавија медиумите и Димковски во полиција тврдел, како и адвокатот Стојков, дека бил искористен и злоупотребен од Палевски и дека незнаел ништо за убиствата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дали Вања е убиена порано, објавени снимки од возилата со кои е грабната

Дали најголемата помош е од оперативен извор во Турција?

На прес-конференцијата на која министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше за апсењето на Палевски во Турција, меѓудругото рече дека и оперативен извор за многу кратко време испратил повратна информација дека Палевски се наоѓа во Баликесир и информирал за тоа што тој ќе прави понатаму.

За апсењето во соработка со македонските помогнале и турските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вања не се задушила, била убиена со пиштол, пронајден и нејзиниот мобилен

Како е грабната и убиена Вања?

Како е киднапиран и убиен Панче Жежовски?

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров: Во моментов има негативен став од Бугарија, утре нема да се усвои преговарачката рамка

Редакција

Бугарското вето за Македонија е и вето на европската политика на Балканот, оцени Димитров на „Отворен Балкан“

Редакција

Ќе добијат ли зголемени права Албанците со отварањето на Уставот за уставни измени

Редакција