Македонците како нација можат да напредуваат само во добра комуникација, хармонија и однос со Албанците. Во спротивно, ќе ги проголтаат Србите, Бугарите и Грците.
Ова денеска го изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети за време на одбележување на 23-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, настан кој коалицијата „Европски фронт“, го одбележа во хотелот „Александар палас“ во Скопје.
„Само со нас, со соработка и заеднички живот можат да си ја зачуваат својата историја, својот национален идентитет, инаку им е судено да не постојат. Така што, нека биде ова комеморација на 23-годишнината од Охридскиот мировен договор кој има посебна заслуга за тоа што оваа земја не беше поделена, не се раздели, затоа што не прифати ОВК, туку прифати целосен договор меѓу двете заедници и малите заедници во нивните области каде што живеат,“ изјави Ахмети.
Тој додаде дека од тие причини тие го штитат овој Договор, „бидејќи е спас и за Албанците и за Македонците.“
„Сопственоста за која размислуваа во 1990-тите треба да се заборави затоа што заедно сме сопственици и заедно сме господари и на доброто и на лошото. Во оваа ситуација, какви драматични и опасни случувања има во Европа, недалеку од нас, навистина сите треба да мислиме дека Европа е во пламен и во војна,“ истакна Ахмети.
Денеска и Владата одржа Свечена седница по повод потпишувањето на овој Договор.
Фото: Фејсбук/Ахмети