еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешните градоначалници на Кочани, Илијев и Димитровски, остануваат во куќен притвор

Поранешните градоначалници на Општина Кочани, Ратко Димитровски и Никола Илијев, осомничени за трагедијата во т.н. дискотека во Кочани, каде во пожар загинаа 59, а беа повредени 203 лица, остануваат во куќен притво, одлучи Апелациониот суд во Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите осомничени градоначалници на Кочани бизнисмени

Оваа следи откако претходно Основното јавно обвинителство Кочани ја обжали одлуката на Основниот кривичен суд Кочани, кој од затворски ги пушти во домашен притвор.

Според соопштението на Апелацискиот суд, на одлуката на Кривичен се жалеле и адвокатите на Димитровски, а за Илијев се жалело само Обвинителството.

Основниот суд Кочани сега ќе треба да одлучува повторно само за изречената мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница на Димитровски.

-Жалбите изјавени од осомничениот Р.Д. од К. преку бранителот адвокат А. С. од К. и од Основниот јавен обвинител од Кочани, против решението на Основен суд Кочани КС-36/2025 од 24.03.2025 година во ст.1 со кое мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор, – се отфрлаат како недозволени.

Жалбите изјавени од осомничениот Р. Д. од К., преку бранителот адвокат А. С. од К. и од Основниот јавен обвинител од Кочани против решението на Основен суд Кочани КС-36/2025 од 24.03.2025 година, во ст.2 за определената мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница на име на осомничениот Р. Д. од К., односно забрана за нејзино издавање ,- се уважуваат.

Решението на Основен суд Кочани КС-36/2025 од 24.03.2025 година во ст.2 од истото се укинува и предметот само во тој дел се враќа на повторно одлучување, се вели во соопштението на Апелацискиот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Илијев, поранешниот градоначалник на Кочани, кој доби 30 дена притвор

Кој е Ратко Димитровски, кој е уапсен со Љупчо Папазов и Николчо Илијев

Кој е Николчо Илијев, кој е уапсен заедно со Љупчо Папазов и Ратко Димитровски

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Катица Јанева, која си поднесе оставка и остана без мобилен

Редакција

Хрватска ги отвори границите

Редакција

Можност за сигурна заработка: На берзата почнува тргување со државни обврзници вредни 881 милиони евра

Редакција