еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Филипче, новиот лидер на СДСМ, прв функционер кој детално пријавил каде има акции

Новиот лидер на СДСМ, поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник на партијата, Венко Филипче, е првиот функционер кој детално пријавил каде има акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Венко Филипче, новиот лидер на СДСМ: Има фирма во Бугарија и неколку станови во Скопје

еМагазин во изминативе 11 години ги објави речиси сите анкетни листови на македонски функционери, од судии, обвинители, до пратеници, директори на јавни претпријатија и друштва и министри, во кои често среќаваме дека одредени функционери поседуваат акции, но никој не наведува каде.

Важно е граѓаните да знаат каков имот поседуваат функционерите пред да стапат на функција и каков имот имаат откако ќе бидат сменети, но уште поважно е таа законска обврска да ја извршат како што треба – детално и транспаретно.

Во анкетните листови кои ги објавивме многу често фалат и основни податоци.

И секако најважно е институциите да проверат како го стекнале тој имот. Но, за жал, слободно може да се каже дека тоа речиси никогаш не се случило.

Секако дека е битно и да се знае кој функционер каде поседува акции, за да се разграничи дали тоа ќе има влијание како ќе работи, во интерес на државата или во интерес на фирмата каде што поседува акции.

Каде Филипче имаа акции? 

Филипче како што стои во неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога стана пратеник на последните парламентарни избори поседува акции во Макпетрол, Гранит, Стопанска банка Скопје и Макстил.

Во Макстил поседува најмногу – 215 акции, во Стопанска банка АД Скопје, 55 акции, во Гранит 40, а во Макпетрол, 1 акција.

Сите акции ги купил во 2008 година.

Овие компании се во Топ 10 најтргувани акции на Македонската берза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче избран за нов лидер на СДСМ

Следува период на реорганизација и реформа во СДСМ, најави Филипче по победата

Фото: Филипче/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се уште неизвесно доаѓањето на рускиот министер Лавров во Скопје, за министерката Петровска тој не е добредојден

Редакција

18-годишно момче го украло возилото на Итна помош во Кочани

Редакција

Холандија го поддржува португалскиот предлог за надминување на проблемот со Бугарија

Редакција