Руската амбасада во Македонија на својот профил на Х (Твитер) објави фотографија на која се гледа лист хартија на кој рачно е напишано дека местото на кое требало да седи руската делегација, предводена од министерот Сергеј Лавров, во салата каде се одржува Самитот на ОБСЕ е „резервирано за НАТО„.
Од македонските власти, кои се организатор на Самитот, засега нема никаква реакција за ваквото тврдење на Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Со кој се сретна Лавров во Скопје?
Кој е Сергеј Лавров, кој е во фокусот на Самитот на ОБСЕ во Скопје
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Западот го уништува ОБСЕ, порача Лавров, дел од делегациите го напуштија неговото обраќање
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на Телеграм напиша:
-На масите во салата за состаноци на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ има јасна манифестација на она за што зборуваше Сергеј Лавров во својот говор: под притисок на САД, логиката на ОБСЕ се заменува со агресивната идеологија на НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија не дала дозвола, авионот на Лавров стигнал во Скопје преку Грција и Турција
(Видео+фото) Лавров слета во Скопје, Блинкен одлета
Што е ОБСЕ, чиј министерски Самит почнува денеска во Скопје
Фото: Руско МНР